7.8 C
Skopje
Saturday, December 3, 2022

Најчитани вести

Заморот, депресијата и обилните или нередовни менструации се едни од најчестите симптоми за хипотироидизам, односно намалена активност на тироидната жлезда. 

Намалената активност на тироидната жлезда, состојба позната и како хипотироидизам, значи дека тироидната жлезда на лачи доволно хормони.

Тироидната жлезда се наоѓа на вратот и е дел од ендокриниот систем на телото. Оваа жлезда контролира многу од важните функции во телото со лачење одредени хормони.

Хормоните што ги лачи тироидната жлезда имаат влијание врз пулсот, дишењето, дигестијата, температурата на телото, менталната активност, па дури и плодноста.

Главната задача на тироидната жлезда е контролирање на метаболизмот, односно процесот во кој телото ја трансформира храната што ја консумираме во енергија.

Бидејќи на секоја клетка во нашето тело ѝ треба енергија за да функционира правилно, проблемите со тироидната жлезда имаат влијание врз целото тело.

Проблемите кои можат да се јават со тироидната жлезда се нејзина зголемена активност (хипертироидизам) или намалена активност (хипотироидизам).

Овојпат ќе се фокусираме на намалената активност на тироидната жлезда.

Кои се најчестите симптоми за хипотироидизам?

Зголемена телесна тежина

Намаленото ниво на хормони што ги лачи тироидната жлезда може да го забави метаболизмот.

Исто така, овие хормони имаат влијание и врз апетитот, па намаленото ниво може да ја зголеми желбата за храна.

Доколку забележите зголемен апетит, необјасниво дебелеење, па дури и неможност да се ослободите од вишокот килограми, консултирајте се со лекар.

Замор

Заморот може да биде симптом за многу здравствени проблеми.

Некогаш е предизвикан од хроничен стрес, некогаш од некои лекови, некогаш од недостаток од сон.

Но, во повеќето случаи квалитетниот сон може да го реши овој проблем.

Сепак, ако се чувствувате уморно без разлика колку спиете, сосема возможно е да имате намалена активност на тироидната жлезда.

Всушност, заморот се смета за еден од главните симптоми за оваа состојба.

Изразена чувствителност на студ

Одвреме-навреме нормално е да ни студи, но ако никако не можете да се стоплите, можно е да станува збор за намалена активност на тироидната жлезда.

Нашето тело одлично си ја регулира температура, но кога забавува метаболизмот поради намалената активност на тироидната жлезда, настануваат проблеми и со овој процес.

Сува кожа и проретчување на косата

Ако забележувате дека кожата ви е посува, како и дека вашата коса се проретчува или станува покршлива, можно е да станува збор за хипотироидизам.

Како и многу други процеси во телото, и влакната и клетките на кожата се регулирани од тироидните хормони.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести