3 C
Skopje
Thursday, January 28, 2021

Кои се најчестите опасности на плажа и како да се заштитите?

Најчитани вести

Одморите на плажа се можеби најубавото нешто, особено ако патувате и со деца. Но иако посетата на плажата може да биде навистина забавна, и овде постојат неколку опасности за коишто треба да бидете внимателни.

Во продолжение погледнете ги најчестите опасности на плажата и како да се заштитите од нив.

Водни струи

Според некои податоци, водните струи се причина за 80% од давењата на плажа. Водните струи се моќни и лесно можат да ве завлечат. Според експертите, доколку се најдете во ваква ситуација, немојте да се спротивставувате.

Наместо тоа, пливајте паралелно со брегот, заедно со струјата и под мал агол, додека не излезете од неа, а потоа движете се кон брегот.

najchestite-opasnosti-na-plazha-i-kako-da-se-zashtitite-02.jpg

Гужва

Доколку сте со мали деца, бидете особено внимателни ако на плажата има многу луѓе. Децата се љубопитни па лесно можат да се изгубат низ толпата.

Обидете се најдете место на плажата од каде што ќе можете постојано да ги гледате. Во случај да се загубат, кажете им однапред што да прават.

najchestite-opasnosti-na-plazha-i-kako-da-se-zashtitite-03.jpg

Медузи, раи и други животни

Морскиот живот може да биде неверојатен, но некои видови можат навистина да ви наштетат. Медузите се честа појава во лето, а ако ве опечат можат да предизвикаат силна болка.

Пред да влезете во водата, осигурете се дека нема медузи. А доколку забележите некоја на брегот, немојте да ја допирате, бидејќи сè уште може да ве боцне.

najchestite-opasnosti-na-plazha-i-kako-da-se-zashtitite-04.jpg

Штетни алги

Лесно е да забележите доколу на некој дел од водата има повеќе алги. Додека повеќето видови не се воопшто опасни, мал дел од нив можат да испушат невротоксини.

Па најдобро е да ги избегнувате местата со алги, без разлика колку безбедно ви изгледаат. Исто така добро е да се избањате ако сте биле во вода со алги.

najchestite-opasnosti-na-plazha-i-kako-da-se-zashtitite-06.jpg

Изгореници

Најдобриот начин да ги спречите изгорениците се заштитните креми за сонце и седењето под сенка. Доколку сепак изгорите, можете и самите да ја третирате изгореницата, сè додека не е посериозна. Тргнете се од сонцето, пијте многу вода и мачкајте се со крема за изгореници.

najchestite-opasnosti-na-plazha-i-kako-da-se-zashtitite-07.jpg

Осекотини

Осекотините, особено на долниот дел од стапалата, се навистина честа појава. Доколку одите на место каде што има многу школки, размислете за сандали или какви било обувки.

При рака имајте антисептик и газа за веднаш да ја средите осекотината, но доколку е подлабока, најдобро е да одите на лекар.

najchestite-opasnosti-na-plazha-i-kako-da-se-zashtitite-08.jpg

Труење од алкохол

Кога сме на одмор сите сме опуштени, па нормално е да испиете некоја чашка повеќе. Но пиењето алкохол во лето може да предизвика многу здравствени проблеми, како хипогликемија, неправилно чукање на срцето и дехидрација.

Дехидрацијата пак може да го зголеми ризикот од мозочен удар. Секогаш кога сте на плажа, внимавајте колку пиете. Труењето од алкохол може да биде и смртоносно.

najchestite-opasnosti-na-plazha-i-kako-da-se-zashtitite-09.jpg

Повреди од одење по песок

Сите сакаме да одиме боси по песокот, но ова не е секогаш безбедно. Понекогаш под песокот се наоѓаат карпи не ги гледате, а кои можат да ве повредат.

Истовремено, луѓето често фрлаат отпад на плажите, па лесно можете да настапите нешто и да се повредите. Затоа е најдобро да не трчате по песокот и да избегнувате да одите боси.

najchestite-opasnosti-na-plazha-i-kako-da-se-zashtitite-10.jpg

 Спирова С. | Црнобело

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести