24.8 C
Skopje
Tuesday, May 24, 2022

Кои се најпродаваните автомобили низ Европа?

Најчитани вести

Не е тајна дека автомобилите што доаѓаат од домашните фабрики најдобро котираат на големите автомобилски пазари. Овој тренд беше особено изразен во 2021 година.

Така, Volkswagen Golf беше најпопуларниот нов автомобил во Германија, но, според податоците собрани од JATO Dynamics, тој изгуби многу од својот удел на пазарот во последните три години.

Golf сега држи 3,5 отсто од пазарот, што е најнизок резултат од 1980 година. Најголемите ривали на овој модел во Германија доаѓаат од другите модели на Volkswagen – првенствено од T-Roc и Tiguan.

Во Франција, вториот по големина пазар на автомобили во Европа, Peugeot 208 го победи Renault Clio. Ова е првпат од 2004 година еден сегмент на Peugeot B да продаде повеќе од својот конкурент на Renault.

Сепак, ниту еден од овие француски модели немаше толку силен раст како Dacia Sandero, чија продажба скокна за 44% во споредба со 2020 година.

Во Обединетото Кралство минатата година имаше поместување на врвот. За првпат од 2009 година, Ford Fiesta не го зазеде првото место.

Наместо тоа, Vauxhall/Opel Corsa е најпродаваниот автомобил на Островот, за првпат од неговото претставување.

Tesla Model 3 го зазеде второто место, што е негов најдобар резултат меѓу 10-те најголеми автомобилски пазари во светот. На третото место се најде Mini со 3 и 5 врати.

За разлика од Велика Британија, првите три места во Италија речиси и да не се променија во 2021 година. Fiat Panda доминираше во продажбата во оваа земја со 112.298 испорачани единици, односно пазарен удел од 7,6 отсто.

На второто и третото место беа Fiat 500 и Lancia Ypsilon. Заедно, тие учествуваа со 13,8 отсто од вкупната продажба на нови автомобили во Италија.

Доминацијата на теренци/кросовери може да се забележи во Шпанија. Најпродавани беа Seat Arona, Hyundai Tucson и Dacia Sandero.

Ова беше првпат Arona да се најде на врвот, од нејзиното претставување во 2017 година.

Најпродаваните автомобили во Турција останаа исти како и претходните години.

Fiat Egea (кај нас познат како Tipo), инаку модел произведен во таа земја, е на врвот од 2016 година.

Седанот Toyota Corolla и Renault Clio се најдоа на второто и третото место, а двата од овие модели излегуваат и во фабриките во Турција.

Во Русија доминираат автомобилите на Lada, што е и очекувано. Веста е најпродаваниот модел со испорачани речиси 113.700 примероци, што е за 6% повеќе отколку во 2020 година.

Granta беше на второто место, но забележа пад од 12%, додека Kia Rio беше трета.

За крајот оставивме еден не толку голем пазар – Унгарија.

Минатата година Suzuki (кој се произведува во домашна фабрика) доминираше на унгарскиот пазар со речиси 15% удел. Vitara беше најпродавана, а S-Cross беше веднаш зад неа.

Всушност, Vitara е најпродаваниот автомобил во Унгарија од 2016 година. На третото место се најде Fiat 500, што беше најдобар резултат за италијанскиот градски автомобил од неговата премиера на овој пазар.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com