8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Кои се главните симптоми на делта плус сојот на коронавирус

Најчитани вести

Познато е дека делта сојот, откриен во Индија, е повеќе заразен од другите регистрирани соеви досега, но што е со делта плус сојот?

Делта плус, како што велат, содржи мутации на два соја, делта и бета, и како што може да се види, ги инфицира дури и оние кои се целосно вакцинирани, а исто така води до фатален исход. Прашањето е кој од овие два соја е поопасен?

Додека делта сојот на коронавирус е во голема мера одговорен за поголем број инфекции поради неговата преносливост, делта плус сојот е означен како сој кој повеќе загрижува.

Заради споредба, се вели дека делта плус сојот се шири речиси „60 отсто побрзо“ од делта сојот, но сепак побавно од очекуваното.

Додека делта сојот е сѐ уште доминантен сој, експертите сугерираат дека делта сојот, со своите изразени симптоми, може да остане долгорочна закана со која би можеле да се соочиме.

Достапните докази за преносливост и ширење настанаа од студии и геномски наоди.

Симптоми на делта и делта плус сојот

Делта сојот се смета за екстремен поради сериозноста на симптомите што ги предизвикува, во споредба со првобитниот сој.

Влијае на белите дробови, доведува до респираторни проблеми, но и до гастроинтестинални проблеми, дури и во благи или умерени случаи, што го разликува од претходните загрижувачки соеви.

Делта плус сојот, за кој се вели дека ги носи карактеристиките и на делта и бета сојот, може да биде уште посериозен по природа.

Некои истражувања сугерираат дека сојот лесно може да ја надмине имунолошката одбрана и да се поврзе силно со рецепторите на клетките на белите дробови. Во тек се дополнителни студии за да се утврди листата на можни симптоми, пишува Times of India.

Иако се вели дека повеќето симптоми се слични на делта сојот, можните симптоми кој загрижуваат се следниве:

Во раните фази ги зафаќа белите дробови

Отежнато дишење и проблеми со дишењето

Долготрајна треска и постојана кашлица

Проблеми со гастроинтестиналниот тракт

Осип на кожата и алергии

Суви или насолзени очи

Губење на апетит и гадење

Она што треба да се нагласи е дека невакцинираните луѓе се изложени на поголем ризик да се заразат со овие соеви, а студиите го покажаа тоа.

Шансите за хоспитализација и смртност кај вакцинираните лица се драстично намалени.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com