-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Кои протоколи ќе важат на избирачките места во Македонија?

Најчитани вести

Во пресрет на локалните избори за тоа кои ќе бидат протоколите на самото избирачко место, како и дали ќе бидат потребни сертификати за извршена вакцинација како на многу други места, денеска во „10 Минути“ на ТВ21 се разговараше со портпаролот на ДИК, Љупка Гугучевска Филипоска.

Таа вели дека сертификатите за вакцинација не се предуслов за пристап на гласачите до гласачките места.

„Тоа што како здравствен протокол ќе треба сите гласачи ќе треба да го почитуваат е задолжително носење на заштитна маска преку устата и носот, како и дезинфекција на рацете пред влез во самите гласачки места“, посочи Гугучевска Филипоска.

Портпаролката на ДИК додаде дека за почитувањето на овие мерки ќе се грижат самите избирачки одбори, односно еден од нив кој ќе биде најблиску до влезот на гласачкото место.

Целата нејзина изјава погледнете ја во продолжение:

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com