4 C
Skopje
Tuesday, March 9, 2021

КОД дојде до запленети фотографии што Верушевски ги добивал додека бил во притвор (ВИДЕО)

Најчитани вести

КОД дојде до запленети фотографии што Веруевски ги добивал додека бил во притвор за „Пуч“. Верушевски уште тогаш барал да се изврши вештачење за да се утврди точно каде нелегално се прислушувало и кој е одговорен за тоа.

Tој при распитот пред обвинител дури и посочил дека обвинителот треба да го изведе вештачењето на опремата во УБК, во петата управа. Идејата не била прифатена, а еден месец подоцна – опремата за следење на комуникации која не е вештачена била уништена на два скопски отпади за што СЈО го отвори предметот „Тврдина“. Специјалните обвинители докази бараа потоа преку претрес во УБК и со експертска помош од Ериксон кои ги бараа доказите во мрежата кон Телеком.

Овие извори на КОД тврдат дека целта на тогашниот исказ на Верушевски и на актуелното сведочење е ист, да се изврши вештачење и експертски да се утврди каде е произведено незаконското прислушување и бомбите. Ваквиот исказ го откри КОД во оценката на обвинителниот акт даден пред судот. Верушевски тогаш вели:

Не постои шпиунажа која се фокусира на прислушкување во држава. Таква амбиција нема самата шпиунажа туку има цел да обезбеди содржини кои се од витален интерес за национална безбедност. Прислушкувањето е креација на петтата управа на УБК. Во истрагата не се обезбедени безбедносни протоколи кои се неопходни за да се утврди оправданост на противправно однесување и кои исклучуваат можност од нелегален пристап.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести