Првиот поглед на реновираното средно училиште во Екатеринбург во Русија, може да ве натера да помислите дека станува збор за барокно здание во кое доминира раскош и неумереност на секој чекор, како палатата во Версај, но всушност е исполнување на детскиот сон на еден руски милијардер.
Златните
висечки лустери, позлатените орнаменти по ѕидовите, луксузните мермерни
подови, златните плочки во тоалетите, синиот мермер на ѕидовите и
фонтаната никако не ве наведуваат на заклучок дека сте во обично
училиште изградено во 40-тите години, во советската ера.
Некогаш ученик во ова училиште, а денес успешен бизнисмен Андреј
Симановски, решил да го исполни својот сон од детството и своето
училиште да го претвори во палата.
А сите кич елементи со кои тргнал во “поход”, иако делуваат претерано, всушност се само почеток на реновирање на ова училиште. Завршени се, како што е соопштено, само ходникот во приземјето и тоалетите.
Моментално се работи на канцеларијата на директорот и училниците. Како што рекол Симановски, сака да ги преуреди и горните катови, теретаната и терените на отворено.
Покрај барокните свилени тапети, позлатени столбови и мермерни подови, златната боја е неизоставна во тоалетите.
Локалните власти засега не се бунеле за овој проект, дури и напротив. Додека неколку дизајнери и блогери го критикувале неговиот проект, истакнувајќи дека е премногу кич и нападен за детско училиште, градоначалникот Александар Високински ја бранел неговата визија. Како што истакнал, тој барем прави нешто добро за локалната заедница.
“Секогаш ќе има такви кои критикуваат а не работат ништо. Неопходно е да се разговара со луѓето кои прават нешто корисно, да се проучи нивното искуство”, рекол градоначалникот.
На критиките не одговорил ни милијардерот кој решил да го реновира училиштето, и истакнал дека учениците сега “нема да мораат да ги посетат Версај или Лувр”, а дека лускузниот амбиент веднаш ќе отвори подобро расположение. Како што навел, оние кои го критикуваат се само љубоморни.





