Со едно притискање на копче можете да го трансформирате кросоверот во кабриолет со малку зголемено растојание од површината. Како што покажуваат продажните резултати, овој концепт на европскиот пазар доживеал многу топол прием.
Неконвенционалните идеи во автомобилската индустрија може да бидат многу ризични. Најчесто значат неуспех, но постојат исклучоци кои потврдуваат дека понекогаш се постигнува повеќе од очекуваното.
Овој кабриолет е одличен пример. Кога беше претставен во 2019-та година, повеќето луѓе го гледаа со сожалување. Зошто? Затоа што теоретски ваквата идеја немала економска смисла.

Сега, во 2023-та година се покажа дека во категоријата купе/кабрилет овој модел е најпродаван во Европа.
Да, главен лик во оваа приказна е „Volkswagen T-Roc Cabrio“. Класичниот кросовер останал без задните врати и кровот. Наместо кров, се користи платнен кров кој може да се свитка и да се расклопи целосно електрично.

Со единствено притискање на копче можете да го трансформирате кросоверот во кабриолет со малку зголемено растојание од површината. Како што покажуваат продажните резултати, овој концепт на европскиот пазар доживеал многу топол прием.
Според податоците на „DataForce“, овој кабриолет во седум месеци оваа година дошол до 8.732 купувачи. Тоа претставува раст од 9,6 процени во однос на истиот период минатата година, пишува порталот „Avtomobili.ba“.

Како што гледате, некои модели можат да разбудат голем интерес, иако во теорија неговата целна група на купувачи не е голема. Понекогаш е тешко да се предвиди ентузијазмот за одреден автомобил, а „T-Roc Cabrio‘ е најдобар пример.
Германскиот кабриолет се произведува во Португалија, додека затворената верзија од истиот автомобил се произведува во Германија. Со оглед на типот на каросеријата, „T-Roc“ денес нема конкуренција.