20.8 C
Skopje
Friday, June 25, 2021

Ковид-19: Ни преостануваат уште неколку недели да издржиме смета Оливие Герин од Францускиот Научени совет, повикувајќи на „индивидуална одговорност“

Најчитани вести

Ни преостануваат уште неколку недели да издржиме, смета Оливие Герин, шеф на геријатрискиот центар на Универзитетската болница во Ница и член на научниот совет кој ја советува француската влада во борбата против епидемијата со Ковид-19, јави дописникот на МИА.

Според него, излезот од Ковид-19 епидемијата е близу, под услов да се  биде „исклучително солидарен во напорите“ наспроти санитарните ограничувања. 

– Прашање е на индивидуална одговорност. Срамота е да се ризикува сега, затоа што сме близу, на неколку месеци за успешно да се избориме со оваа пандемија, смета Оливие Герин.

За овој член на Научниот совет, „излезната точка“ од епидемијата, „тоа е вакцинација“. Тој исто така тврди дека „како и во сите војни, последните мртви се најнеправедни“.

Во саботата, 4.353 пациенти со Ковид-19 биле на интензивна нега, што е ново највисоко ниво од крајот на ноември во Франција, каде од вчера 16 департмани или околу 20 милиони Французи живеат под нови рестриктивни мерки.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести