Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Матео Ковачиќ ќе го промени клубот во текот на летото, но ќе остане во Премиер лигата.
Италијанскиот новинар Фабрицио Романо тврди дека хрватскиот репрезентативец ги договорил личните услови со Манчестер Сити и дека клубовите допрва треба да најдат заеднички јазик околу обештетувањето. Истиот извор наведува дека тоа би требало да се случи по финалниот натпревар од Лигата на шампионите, на кој „граѓаните“ ќе се сретнат против Интер во Истанбул.
Челзи е подготвен да го продаде искусниот играч за врска, а и Ковачиќ е подготвен за нов предизвик во кариерата, особено по лошата сезона во дресот на клубот од „Стемфорд Бриџ“. 29-годишниот Хрват дојде во Челзи од Реал Мадрид во летото 2019 година зa трансфер вреден 45 милиони евра.
Во дресот на „сините“ одигра 221 натпревар, со шест гола и 15 асистенции. Со Челзи ја освои Лигата на шампионите, Лига Европа, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство на ФИФА. Во сезоната 2023/23 во англиското првенство одигра 27 натпревари и постигна само еден гол, со две асистенции.