Home » Ковачевски ќе се обрати на денешната собраниска седница за уставни измени

Ковачевски ќе се обрати на денешната собраниска седница за уставни измени

by Журнал.мк

Премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на денешната 123-та пленарна седница на која на дневен ред е Предлогот за пристапување кон измена на Уставот.

Во соопштението од владината прес-служба се наведува дека денеска како држава треба да го направиме првиот одлучен чекор кон посакуваниот напредок на Северна Македонија и да ја искористиме историската шанса за остварување на стратешката цел – полноправно членство во Европската Унија.

Денеска е денот кога ќе стане јасно кој навистина сака државата да стане просперитетна држава, земја-членка на ЕУ, а кој ја блокира европската иднина на граѓаните.

Денес пред пратениците ќе биде образложен предлогот за уставни измени кој е јавно достапен и од кој сите граѓани може да видат и да се уверат дека станува збор за измени кои го унапредуваат Уставот, кои не загрозуваат ниту едно идентитетско прашање, а кои го отвораат патот кон ЕУ.

Очекуваме сите 120 пратеници да покажат државничко однесување, да бидат на ниво на задачата и да обезбедат подобра иднина за сите граѓани чии претставници се тие, се вели во соопштението.

Притоа се наведува дека денеска пратениците ќе имаат можност преку аргументирана и издржана дебата да обезбедат национален консензус за уставните измени и за европската иднина на државата исполнувајќи ги обврските од преговарачката рамка со кои ќе се овозможи продолжување по европскиот пат и отворањето на кластерите и поглавјата во рамки на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија.

Република Северна Македонија практикува европски вредности и заслужува, по членството во НАТО, да биде и полноправна членка на Европската Унија.

Пред нас е неповторлива шанса за потврдување на европскиот пат, забрзување на европските интеграции и остварување на оваа европска цел до 2030 година.

Гласот за Европа е глас за подобра македонска иднина.

Од сите пратеници зависи дали ќе дадат придонес во остварување на генерацискиот сон или ќе ја втурнат земјата во изолација и десетици години неизвесност, се наведува во соопштението од Владата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk