Премиерот Димитар Ковачевски телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен, која како што соопштија од Владата, на премиерот Ковачевски му изразила благодарност за брзите реакции на владата, за кои истакнала дека во целост се усогласени со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.
Таа воедно ја поздравила посветеноста на дијалогот Скопје – Софија и уште еднаш повторила дека Брисел силно го поддржува и поздравува овој процес кој ќе овозможи забрзување на процесот на евроинтеграции. И покрај загрижувачката ситуација со украина која се наметна како приоритет, стои во соопштението, премиерот Ковачевски информирал дека двете влади се посветени и активно продолжуваат со дијалогот за изнаоѓање решенија за време на француското претседателство.