Home » Ковачевски: Сите основачи на бугарски клубови се членови на ВМРО-ДПМНЕ и сестринската ВМРО БНД

Ковачевски: Сите основачи на бугарски клубови се членови на ВМРО-ДПМНЕ и сестринската ВМРО БНД

by Журнал.мк

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски синоќа во собраниската расправа, порача дека Владата, државата, се грижи за секој припадник на дијаспората, за Македонците без разлика на тоа каде живеат, додавајќи дека единствено ВМРО-ДПМНЕ е таа која се обидува да ги наруши добрососедските односи.

„ Во однос на прашањата со дијаспората, сакам овде многу јасно да кажам, Македонци има и во Америка, Канада, Германија и во Швајцарија, Австралија, Грција, Бугарија, Србија, Албанија и во Косово и секаде се тоа Македонци кои што зборуваат македонски јазик на кој што сме ние исклучително горди. Земете ги само од пред две недели снимките од МНР каква се помош беше однесена во Албанија за нашите Македонци кои живеат таму, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ потенцираше дека добрососедските односи ги руши единствено ВМРО-ДПМНЕ.

„ Добрососедските односи ги руши единствено ВМРО-ДПМНЕ. Сите оние основачи и растурачи на бугарски клубови се членови на ВМРО-ДПМНЕ, на вашата сестринска партија ВМРО БНД на кои заеднички именител ви е заедничкиот претседател Ванчо Михајлов, порача Ковачевски обракајќи се кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk