Home » Ковачевски: Потребна е државничка одлука

Ковачевски: Потребна е државничка одлука

by Журнал.мк

Потребен е национален и општествен консензус за да ја постигнеме стратешката цел за членство во ЕУ, истакна премиерот Димитар Ковачевски во интервју за агенцијата МИА. Тој ја префрли топката во рацете на народните избраници, кои треба да одлучат за уставните измени. Вели, пратениците сега имаат најважна задача да обезбедат европска иднина и перспектива на земјата, за граѓаните кои им го дале мандатот. Премиерот очекува, на седницата за уставните измени којашто почнува на 18-ти август да има искрена и квалитетна дебата, и со аргументи да се стигне до натпартиска одлука во интерес на државата.

„Одговорноста е пред сите општествени чинители, пред сите сериозни парламентарни партии, пред сите пратеници. Од сите нас зависи одлуката, тоа е гласот за Европа. Ние сме тие што ќе одлучиме дали сакаме веднаш да продолжиме понатаму на европскиот пат и да се интегрираме или пак да се изолираме комплетно и повторно да ги живееме 10 или 15 години сами и беспомошни. Ова е многу специфичен случај кога за прв пат, ветото може да дојде одвнатре. А, тоа не смееме да си го дозволиме“, вели премиерот Ковачевски.

Ковачевски вели дека треба на сите да им биде јасно оти ќе нема подобар или нов договор, ниту друга преговарачка рамка и оти ако ја пропуштиме шансата, ќе загубиме 10 или 15 години. На предупредувањата од опозицијата дека ќе следуваат нови барања од Софија, Ковачевски потсетува на изјавите од повеќе европски државници и од властите во Бугарија дека ќе нема нови услови ако се исполни договореното со преговарачката рамка.

„Не гледам зошто би имало потреба за убедување, секоја политичка партија треба да покаже одговорност пред граѓаните и државата. Опозицијата треба да изгради став и да одлучи дали е за интеграција во ЕУ, реално и суштински или за изолација. Нема простор да размислуваме во насока дека влегуваме во вртлог на нови барања. Барањата понатаму ќе се реформи. Процес во кој ние се трансформираме и повторно ќе носиме сериозни и тешки одлуки кои ќе обезбедат подобар живот за граѓаните“, нагласува Ковачевски.

Според македонскиот премиер, уставните измени не се диктат, туку се дел од преговарачката рамка со ЕУ. Тој и во интервјуто за МИА ја повтори понудата до опозицијата – да гласа за уставните измени па да се оди на избори, притоа, тврдејќи дека владината коалиција е стабилна и покрај превирањата во редовите на ДУИ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More