-9.2 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Ковачевски: Поголема инклузивност на членовите на партијата и одговорност на раководството

Најчитани вести

Внатрешното реформирање на партиските процеси кои би резултирале со поголема инклузивност на членовите на партијата кон директно оценување на работата на раководството и финално до зацврстување на релациите и соработката влада-локална самоуправа-партија. Ова е дел од програмата на актуелниот кандидат за претседател на СДСМ Димитар Ковачевски.

„Функционирањето на месните одбори комплетно ќе се ревидира при што основите за функционалноста на партијата мора да започнуваат токму од овие локални, но суштински јадра на партијата. Нашите членови ќе мора да нè евалуираат нас раководството и ние да постапуваме“, изјави Ковачевски.

Тој вели дека како дел од својата програма предвидува и ревидирање на партиските комисии. Според него, токму комисиите се клучни да се активираат како тела во креирањето и евалуирањето на политиките на партијата. Тој додава дека позицијата на партијата мора да се зацврсти до таква мерка да СДСМ претставува столб во креирањето на политиките на државата.

Димитар Ковачевски ја поднесе својата кандидатура за иден претседател на Социјалдемократскиот сојуз преку својата програма насловена како „Заедно, одговорно и посветено“ којашто се темели на три столба: Социјалдемократска визија, економски раст и фер шасна и јасен систем со одговорности.

Ковачевски периодот ја претставува својата програма пред раководствата на општинските организации, форумите на жени, членовите на Централниот одбор и пратениците од сите скопски општини.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com