Home » Ковачевски: Не може да бараме од граѓаните да штедат, ако примерот не го дадат политичарите

Ковачевски: Не може да бараме од граѓаните да штедат, ако примерот не го дадат политичарите

by Журнал.мк

Една од препораките до министерствата и институциите е максимално да се рационализираат трошоците, изјави премиерот Димитар Ковачевски во гостување на ТВ 24.

„Сите слободни средства од министерствата и јавните претпријатија се пренаменуваат за справување со енергетскат акриза. Мора да се одржи ликвидноста на сите компании во енергетскиот сектор. Не може да бараме од граѓаните да штедат, ако примерот не го дадат политичарите“, рече Ковачевски.

Тој најави дека уште утре пред пратениците ќе се најдат измените на законите кои се важни за имплементацијана мерките што Владата ги определи за ублажување на кризата.

„Потпишани се измените на Законот за акцизи и на Законот за данок на додадена вредност и апелирав до сите пратеници да се на ниво на задачата и да гласаат за што побрзо за да почне нивната примена“, рече Ковачевски.

Буџетот за 2022 година, укажа, беше планиран со намалени трошоци за осум проценти. Трошењата за мебел, автомобили и други непродуктивни трошоци се на минимум.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More