Home » Ковачевски – Нефју: Продолжува поддршката од стратешкото партнерство со САД во градење ефикасен систем за борба против корупција

Ковачевски – Нефју: Продолжува поддршката од стратешкото партнерство со САД во градење ефикасен систем за борба против корупција

by Журнал.мк

Актуелната состојба поврзана со борбата против корупција и мерките и активностите кои Владата ги презема во насока на системски решенија за справување со корупцијата на секое ниво, вклучувајќи ја и високата корупција, беа тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу премиерот Димитар Ковачевски и Ричард Нефју, глобален координатор за антикорупција на американскиот Стејт департмент.

На средбата, информираат од владината прес-служба, говорниците заеднички констатираа дека напорите кои се вложуваат во борбата со корупција се основната алатка за градење на довербата на граѓаните во институциите. Во таа насока од клучно значење е градењето на капацитетите во областа на владеењето на правото и правната држава.

-Премиерот Ковачевски се заблагодари на целокупната поддршка и соработка која благодарение на блиското стратешко партнерство со САД, се реализира во Северна Македонија. Поддршката е круцијална во воспоставувањето на ефикасен систем за елиминирање на конфликтот на интереси, како и за превенција на корупција – посочија од Владата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk