Првата средба која ќе ја има новиот премиер со странски државник е германската државна министерка за Европа Ана Лирман која денеска ќе пристигне во посета на Македонија.
„Фокусот на разговорите ќе биде ставен врз билатералните односи меѓу Македонија и Германија, економските и политичките прашања и европската перспектива“.
Ковачевски вчера и во завршниот говор пред гласањето на новата влада ја потврди оваа средба, за која рече дека ќе разговара за забрзување на евроинтеграциите.
Германската државна министерка ќе има и билатерални средби со вицепремиерот за евроинтеграции и со министерот за надворешни работи.
Лирман ќе биде примена и од шефот на државата Стево Пендаровски.