21.8 C
Skopje
Tuesday, July 5, 2022

Ковачевски на аудиенција кај папата – соработката со Ватикан ќе се продлабочи

Најчитани вести

По повод одбележување на 24 мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, македонскиот премиер Димитар Ковачевски со владина делегација во рамките на посетата на Рим и Ватикан имаше тет-а-тет средба, а потоа и аудиенција кај Папата Франциско. Ковачевски изрази благодарност за посетата на папата на Северна Македонија во 2019 година која што беше прва посета на предводник на Римокатоличката црква запишана како историска. Притоа му подари рачно изработен фрагмент со калиграфско пишување на рачна изработена хартија од пофалното слово на Свети Климент Охридски, бројаница со традиционален охридски бисер и филигран, како и винил плоча од македонскиот виртуоз Влатко Стефановски.

„За време на разговорот на средбата со Папата Франциско беше истакната улогата на Светите браќа Кирил и Методиј кои со својата мисија да го шират христијанството на јазик разбирлив за словенските народи извршија и мисија на поврзување на народите на Европа“, соопштија од Владата.

На аудиенцијата кај Папата Франциск по повод чествувањето на големото дело Светите браќа Кирил и Методиј, кои со својата…

Posted by Dimitar Kovacevski on Monday, May 23, 2022

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com