Home » Ковачевски – Кравињо: Преговорите се започнати

Ковачевски – Кравињо: Преговорите се започнати

by Журнал.мк

Португалскиот министер за надворешни работи, Гомес Кравињо, го информирал премиерот Ковачевски дека Португалија е подготвена да обезбеди и политичка и техничка поддршка, во континуитет во текот на целиот евроинтеграциски процес

Премиерот Димитар Ковачевски денеска имаше билатерална средба со министерот за надворешни работи на Португалија, Жоао Гомес Кравињо, кој е во дводневна официјална посета на нашата земја.

„На средбата Ковачевски и Кравињо уште еднаш ја потврдиле успешната билатерална соработка помеѓу Република Северна Македонија и Португалија и разговарале за можностите за интензивирање и унапредување на економската билатерална и мултилатерална соработка, во контекст на постојната економска и енергетска криза со која се соочува светот“, соопшти владината прес-служба.

Министерот за надворешни работи на Португалија изразил искрени честитки за отворањето на преговорите за полноправно членство на Република Северна Македонија во ЕУ посочувајќи дека за оваа одлука биле потребни и политичка и државничка храброст. Кравињо го информирал премиерот Ковачевски дека Португалија е подготвена да обезбеди и политичка и техничка поддршка, во континуитет во текот на целиот евроинтеграциски процес.

На средбата присуствувала и вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска.

Според агендата министерот за надворешни работи на Португалија Кравињо, во рамките на официјалната посета имаше одделни средби со министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи, со заменикот на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, а средба е предвидена и со претседателот на државата Стево Пендаровски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk