Home » Ковачевски: Инициравме законски измени со кои ставивме крај на 15 годишниот проблем на пациентите со цистична фиброза

Ковачевски: Инициравме законски измени со кои ставивме крај на 15 годишниот проблем на пациентите со цистична фиброза

by Журнал.мк

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска на прес-конференција објасни дека со законските измени за набавка на лекови кои се произведуваат од еден производител, односно кога станува збор за патентиран лек, се решава децениски проблем на пациентите со цистична фиброза и ретки болести.

Лекот „Трикафта“ за најкритичните пациенти со цистична фиброза пред неколку дена пристигна на Клиниката за детски болести и Клиниката за пулмологија.

Заложбите на претседателот на Владата да се направи системскиот пристап за грижа на пациентите со цистична фиброза и ретки болести, резултираа со иницијатива за законски измени кои веќе се испратени до Собранието на Северна Македонија и со кои се предвидува државата директно да набавува лекови од производител кој има патентиран лек. 

Горливиот проблем на пацинетите со цистична фиброза стар 15 години, премиерот Ковачевски очекува од пратениците да има разрешница на 16 март за кога е закажана собраниска седница за законски измени поврзани со набавка на оваа терапија.

„Денеска лекот „Трикафта“ веќе го примаат дел од пациентите. Министерството за здравство и ФЗО во координација со мојот Кабинет одобрија 2,2 милиони евра за набавка на лекот „Трикафта“. Со оглед на тоа дека добавувачот на лекот успеа да постигне пониска цена, во однос на количините кои што беа побарани по лек, се остави простор дека плус пациенти во тој износ можат да го добијат лекот. Таа апликација е веќе започната во однос на овие количини кои се веќе пристигнати. 

Со оглед на тоа дека овој лек го произведува еден производител, бидејќи е патентиран лек, ние веќе предложивме законски измени и тие беа поднесени од моја страна до Собранието. Законските измени се поврзани со оваа терапија и тие се наоѓаат во Собранието и за нив е закажана седница на 16 март, сметам дека сите пратеници тоа ќе го поддржат. 

Нашите закони не дозволуваат директна набавка од производители што имаат патентиран лек, туку мора да се оди преку јавни набавки и трговци на лекови. 
Тоа дополнително ја зголемуваше цената на лековите. Затоа иницирав веднаш да се пристапи кон измени на законската регулатива и подготовка на законски решенија со кои ќе се овозможи во најбрз рок пациентите да ги добиваат лековите и да може директно да се преговара со производителот кој единствен го има лекот, со цел да се добие подобра цена“, изјави премиерот Ковачевски.

Директната комуникација на државата со производител на патентиран лек овозможуваат и испорака на  статистики во однос на болестите за кои имаат изработено патентиран лек, тоа овозможува на Министерство за здравство и на ФЗО, да може да ги планираат набавките во иднина. 

Законските измени кои беа извршени на барање на премиерот, наликуваат на регулативи кои ги имаат голем број на држави, земји од регионот. 
На тој начин се добива побрз и поевтин пристап до ваква иновативна терапија.

„Овие законски измени кои се наоѓаат пред пратениците ќе овозможат да се набавува не само лекот „Трикафта“ туку и други лекови кои се произведуваат од еден производител кој има патентиран лек. Интенцијата со законските измени е да се опфатат сите пациенти, согласно терапиите кои треба да ги примаат, по насока на лекарите од Клиниките каде се следат овие пациенти“, истакна премиерот Ковачевски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk