17.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Ковачевски има уште пет дена за средба со Мицкоски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Најчитани вести

Власта има уште пет дена да си го преиспита однесувањето, а премиерот Димитар Ковачевски да се предомисли и да седне на лидерска средба со Христијан Мицкоски за да се договори датум за предвремени парламентарни избори, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа ситуација во која е државата не смее да трае долго, зошто последиците од криминалот, корупцијата и неспособноста на владата се огромни. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон активна блокада на Собранието, а со цел предизвикување лидерска средба на која ќе биде договорен датум за предвремени парламентарни избори, и ќе се пристапи кон изнаоѓање на решенија во клучните сектори во кои ВМРО-ДПМНЕ понуди тимови.

Тоа се секторите финансии, здравство, образование и секако меѓународните односи, европските интеграции и проблемот којшто Македонија го има со Бугарија. Ковачевски има доволно време до 10 мај да се предомисли и да пристапи кон организирање на лидерска со цел дефинирање на датум за избори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com