Home » Ковачевски: Зголемувањето на парламентарното мнозинство е во интерес на граѓаните преку ефикасноста на Собранието

Ковачевски: Зголемувањето на парламентарното мнозинство е во интерес на граѓаните преку ефикасноста на Собранието

by Журнал.мк

Премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето во ТВ24 кажа дека реконструкцијата на Владата не е појдена ниту од партиски, ниту од личен, ниту од чисто дневно политички интерес, туку дека обезбедила политичка стабилност на државата и зголемување на ефикасноста пред се во Собранието.

-Јас кажав дека ќе има зголемено парламентарно мнозинство во исто време кога опозицијата велеше дека тие обезбедиле парламентарно мнозинство. Вие се сеќавате како опозицијата, односно претседателот на опозицијата велеше дека во јануари или февруари или почетокот на февруари тој ќе има 61 пратеник и ќе бидат распишани предвремени избори. Меѓутоа бараше да бидат во мај за да не се справува со енергетската криза која што завршува на 1 мај. Неговите планови не се остварија. Напротив ние сега имаме зголемено парламентарно мнозинство од 65 пратеника кое што може да носат одлуки кои се однесуваат прво на унапредување на правото, носење на законски решенија, на справувањето со економската криза, носење на реформските закони и квалитетно извршување на работите на секретаријатот за европски интеграции и водењето на преговорите односно на скрининг процесот кој што тече во моментов помеѓу нашата држава и ЕУ, истакна Ковачевски.

Одговарајќи на новинарско прашање тој кажа дека никогаш не навлегувал во етничкото потекло на никого.

– Дали Македонец, дали Албанец, дали е Влав, дали е Ром. И пред се со тоа каков професионален личен капацитет и интегритет влегува во извршувањето на одредена професионална функција. Она што е исто така важно е дека кога се работи на остварување на цели, кога се работи на остварување на визија на партнер или пред се во политика а имаат иста и цел и визија тогаш не може да се работи за никакво заложништво. Ако ги погледнете програмите на партиите тогаш сите партии во Владата имаат цел зачленување на Северна Македонија во НАТО што го направивме и зачленување на Северна Македонија во ЕУ кој што процес го отпочнавме. Овие политички партии го поддржаа тој процес односно со заклучоците во Собранието во месец јули минатата година кога практично преку носењето на овие заклучоци ја прифативме преговарачката рамка која што беше доставена од страна на сите земји членки на ЕУ претставувана од француското претседателство, потоа и од чешкото претседателство и нашата држава после 17 години чекање со заштитен идентитет, заштитен македонски јазик ги започна преговорите со ЕУ. Она што е пред нас е носење на реформски закони пред се во владеењето на правото, во справувањето поголемо со корупцијата и криминалот во државата и унапредувањето на економијата, заклучи Ковачевски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk