-2.2 C
Skopje
Sunday, February 5, 2023

Ковачевски-Едштадлер: Северна Македонија доверлив партнер и идна членка на ЕУ

Најчитани вести

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, оствари средба со сојузната министерка за ЕУ и Устав на Република Австрија, Каролин Едштадлер, во рамки на работната посета во Австрија.

На состанокот присуствуваа и Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата за европски прашања, како и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Ковачевски и Едштадлер го изразија заемното задоволство од одличните билатерални односи меѓу двете земји кое се изразува и во недвосмислената поддршка на Австрија за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.

На состанокот беше потенцирано дека Северна Македонија и Западен Балкан се високо на агендата на Европската Унија и нејзините земји членки и дека Австрија останува верен поддржувач на политиката на проширување на Унијата со земјите од регионот, стартот на пристапните преговори и почетокот на скринингот се уште една потврда за напредокот на нашата земја во евроинтегративниот процес.

На состанокот се дискутираше и за безбедносната криза предизвикана од конфликтот во Украина, на што беше акцентирана потребата од натамошно обединување и заедничко дејствување за осигурување на мирот, стабилноста, безбедноста и демократијата и воопшто иднината на Европа.

На состанокот се дискутираше и за натамошно продлабочување на економската соработка меѓу двете земји со оглед на тоа што Австрија е еден од најголемите инвеститори во земјава со преку 45 компании присутни на пазарот. Дополнително, трговската размена е во континуиран раст и минатата година достигна 200 милиони евра со што е забележан раст во однос на 2020 година кога трговската размена оствари вредност од 176 милиони евра.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести