21.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Ковачевски до Шмигаљ: Сочувствуваме со Украина

Најчитани вести

Премиерот Димитар Ковачевски вчера доцна попладне телефонски разговaрал со премиерот на Украина, Денис Шмигаљ, при што му пренел дека сочувствуваме со Украина и истовремено се восхитуваме на храброста со која Украинците ја бранат својата слобода и сувереноста на државата.

„На колегата Шмигаљ му порачав дека Северна Македонија е целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ и НАТО, и е во постојана координација за поддршката на Украина. Подготвени сме да ги прифатиме граѓаните на Украина доколку побараат времено засолниште во нашата земја и остануваме во контакт за сите идни активности за поддршка и помош“, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Премиерот Шмигаљ, како што додава македонскиот премиер, се заблагодарил во име на граѓаните на Украина за досегашната поддршка и помош.

Вчера доцна попладне имав телефонски разговор со премиерот на Украина, Денис Шмигаљ.Му пренесов дека сочувствуваме со…

Posted by Dimitar Kovacevski on Monday, March 28, 2022

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com