Во ноември лани, на Клиниката за дигестивна хирургија беше извршена првата трансплантација на црн дроб од починат донор во историјата на македонското здравство. Владата им додели признанија на лекарите и на другиот медицински персонал кои учествуваа во подвигот. Досега 18 семејства дадоа согласност за донирање органи од нивни блиски што починале, со што им овозможија нов живот на десетици пациенти…
Благодарам што ми подаривте живот – ова се зборовите на пациентот Драган Белески, кому лани во ноември му беше пресаден црн дроб од починат донор. Овој 60 годишен пациент имаше хронична болест, а донор беше пациентка која имаше мозочна смрт, чие семејство се согласи да ги донира органите.
Владата им додели признанија на лекарите и другиот медицински персонал кои учествуваа во подвигот. Досега 18 семејства дадоа согласност за донирање органи од нивни блиски кои починаа, со што им овозможија нов живот на десетици пациенти.
Благородни се тие луѓе, семејства, кога во моменти на најтешка болка и страдање со својата одлука ја враќаат единствената надеж кај друго семејство, кај друг човек, кај пациент, рече премиерот Ковачевски.
Покажавме дека можеме, знаеме и умееме. Резултатот е дека на Kлиниката за дигестивна хирургија се изведени 2 успешни трансплантации на црн дроб кај возрасни лица, рече д-р Караџов.