27.8 C
Skopje
Monday, August 8, 2022

Ковачевски ги викна владините партнери да го разгледаат францускиот предлог

Најчитани вести

Како што ветив, отвораме процес на широки консултации. Денес во 11:00 часот во Владата ќе се одржи средба на лидерите на партиите од владината коалиција на која ќе се разгледува предлогот на француското претседстелство. Веднаш по средбата, предлогот во интегрална форма ќе го објавиме на официјалната веб страна на Владата, напиша на Фејсбук претседателот на македонската влада, Димитар Ковачевски.

-Во текот на денот, покрај средбата со коалицијата, ќе се одржат низа консулатации и разговори со експертската и стручната јавност како и медиумите. Како што веќе најавив вчера целиот процес ќе се одвива транспарентно, а јавноста во детали ќе биде запознаена со сите следни чекори.Повикувам на одговорност од сите релевантни чинители во општеството, шпекулации за важни државни и национални прашања не одат никому во прилог. Оттука, апелирам до сите политички актери и медиумите да се потпираат на официјалните информации од институциите. Барам конструктивност и поддршка од сите чинители за да донесеме мудра одлука во интерес на сите граѓани, се вели во неговиот Фејсбук статус.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com