Home » Ковачевски: Буџетот е стабилен и стандардот на граѓаните се штити

Ковачевски: Буџетот е стабилен и стандардот на граѓаните се штити

by Журнал.мк

Ковачевски вели дека ние имаме многу мала трговска размена со Украина и Русија, а дека државата ќе им помогне на компаниите кои увезуваат суровини од Украина и кои треба да се свртат кон други пазари. Клучно погодени сектори се берзанските цени на енергенсите и прехранбените производи, како и на други суровини.

-Ние работиме на пакет мерки кои се однесуваат на енергијата и храната со цел да се заштити стандардот на граѓаните. Засега имаме најниска цена на енергенсите, а во однос на цените на храната донесовме мерки за ограничвање на цените и ограничување на маржата. Имаме и социјални пакети за енергетска поддршка на ранливите семејства. Ја покачивме минималната плата па сега со две минимални плати може да се покрие синдикалната потрошувачка кошничка. Привршуваме со методологијата за покачување на пензиите и верувам дека уте денес ќе имаме решение за методологија усогласена со барањата на пензионерите, вели премиерот Димитар Ковачевски за Утрински брифинг.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More