17.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

Ковачевски: Брзата интеграција на С.Македонија и на регионот во ЕУ ќе обезбеди стабилност во Европа

Најчитани вести

Блокадата на пристапните преговори за земјава се чувствува во целиот регион. Неопходно е Северна Македонија да има силна и јасна европска перспектива, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски по средбата со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел.

Според Ковачевски, единствено целосно обединета, Европа може да биде силна.

-Во период на нестабилност, како никогаш досега се јавува потреба Европа да биде обединета и силна. Војната која се случува е ризик за зголемено влијание на трети страни во регионот за што сите треба да бидеме исклучително внимателни и подготвени. Оставањето геостратешка празнина во нашиот дел од Европа не е опција, брзата интеграција на Северна Македонија и на регионот во ЕУ ќе обезбеди стабилност во Европа. Потребни ни се предвидливи, забрзани и засилени процеси на интеграција во ЕУ, потенцира премиерот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com