7.8 C
Skopje
Saturday, December 3, 2022

Ковачевски бара извинување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за „изнесените лаги“

Најчитани вести

Премиерот Димитар Ковачавески денеска возврати на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ во наводната афера што тие ја нарекоа „Броило“ и побара извинување од партијата и нејзиниот лидер.

Ковачевски рече дека ги има повлечено целосно финансиските удели во компанијата за соларна енергија „Пиксел груп“ и нема никакви обврски ниту интереси, ниту пак има некаква улога во нејзиното работење. Ковачевски нагласи дека во анкетниот лист пријавил сѐ што поседува и дека сѐ што досега работел во животот било најтранспарентно и согласно сите законски прописи.

„Со преземањето на функцијата заменик-министер за финансии јас си ги повлеков своите средства од ‘Пиксел груп’, компанија во која бев основач и сум горд на тоа. Со продавањето на уделите јас таму немам ниту било какви интереси ниту какви било какви обврски во однос на работењето или управувањето на таа компанија“, рече Ковачевски.

Тој денеска, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека две недели бил под константни напади од страна на ВМРО-ДПМНЕ и тоа со „конструкција на најдолни лаги“. Во однос на наводното дезертерство тој се обрати во Собранието каде што тоа го слушнале граѓаните. Околу обвинувањата за соларната афера Ковачевски рече: „Сметам дека треба да се извинат, затоа што јас 22 години работев во приватниот сектор на најтранспарентен и законит начин. Не може да се прават конструкции за тоа како функционираат компании коишто се независни во своето работење и функционираат врз основа на закони. Дали тоа значи дали ќе има тужби или не тоа не може да зависи од мене затоа што не сум јас ниту правник ниту адвокат, меѓутоа сметам дека тоа треба да го направат бидејќи се конструираат лаги. Целта е да се оттргне вниманието од тоа што тој треба да објасни што се случувало со тендер од 136 милиони евра во ‘Водовод и канализација’. Ниту јас го обвинив, ниту СДСМ, него го обвини ВМРО–ДПМНЕ, партијата во која што е претседател затоа што градоначалникот на Скопје е од ВМРО-ДПМНЕ. Арсовска ја чекаа со трубачи во ВМРО-ДПМНЕ, не ја чекаа во СДСМ“ рече Ковачевски.

Тој нагласи дека Христијан Мицкоски треба прво да се извини и да не ги терал пратениците да изнесувале невистини, квалификации.

Претходно, Мицкоски во гостувањето во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 рече дека аферата што ја соопшти неговата партија покажувала сериозна трговија на влијание на Ковачевски и неговиот кум.

„Ние докажуваме, ние велиме оваа компанија ја формирал тој и тој, оваа компанија склучила договор со таа компанија, тој кој ја формирал сега е на висока државна позиција, на првата позиција. Ете тој и да нема ништо во моментот, има кумот, дали не е тоа трговија со влијание?“, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека деновиве ќе поднесе тужба за клевета затоа што СДСМ го нарекува „докажан криминалец“, а немале докази за тоа.

„Морам да го тужам СДС за клевета да се извини или неколку дена да им оставам простор да се извинат, бидејќи навистина ја поминуваат секоја пристојна граница. Ги поминавме билбордите, флаерите ги поминавме, ја поминавме кампањата, сепак јас сум универзитетски професор, еве денеска почна семестарот пред мене имаше 90 студенти во втора година факултетот и сега јас сум бил ‘докажан криминалец’, треба да го докажат тоа“, рече Мицкоски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести