Home » Ковачевски апелира на разум и свест: Предлогот е македонски, поддржан од цела ЕУ и САД

Ковачевски апелира на разум и свест: Предлогот е македонски, поддржан од цела ЕУ и САД

by Журнал.мк

Предлогот за дополнување на Уставот има само единствена релација и мотив – влез во Европската Унија, тоа што го бараат граѓаните, а уставните измени кои се пред нас не загрозуваат ни едно македонско идентитетско прашање. Ние заради нас самите мора да бидеме европска држава. Знам дека овој пат не е ни лесен ни краток, но цврсто знаеме дека ново вето од кој било нема да има на европскиот пат, порача премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на 123-тата седница на Собранието на која единствена точка на дневен ред е Предлогот за пристапување кон измена на Уставот со кој се предвидува вметнување на Бугарите и на уште пет етнички заедници во преамбулата на Уставот.

Предлогот за дополнување на Уставот има само единствена релација и мотив – влез во ЕУ, тоа што  го бара и очекува огромното мнозинство на граѓаните. Предлогот е наш македонски базиран на европскиот предлог и договор од 2022 година, со кој државата после долги години чекање конечно ги отвори преговорите за членство. Напишан е тука во Скопје каде и се дебатира во Собранието. Ги отфрлам лажните тези дека постои диктат од било кого за било што. И најважно од сѐ, Уставните измени кои се пред вас не загрозуваат ниту едно македонско идентитетско прашање. Предлогот не задира и не се однесува на било кое македонско идентитетско прашање. И тоа е целосно јасно, јасно на сите во државата, рече Ковачевски.

Нагласи дека со предлогот постои само нашата сегашна, а сепак историска можност, да направиме нешто добро за државата. Со усвојување на Предлогот, да донесеме одлука не да стоиме во место, не да каскаме, не да чекаме повторно, туку да чекориме во полноправно членство во Европската Унија и да ја оствариме поставената цел за полноправно членство во 2030 година.

Да, ова е наш македонски предлог, подржан од целокупната Европска Унија и нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави, за наша корист, за наше добро, потенцира Ковачевски и додаде дека за само една година, поддршката за нас драстично се зголеми.

Ние мораме да продолжиме и понатаму, да ги отвораме и затвораме поглавјата, едно по едно. Тој процес е суштински затоа што треба да нѐ промени, да нѐ трансформира, да нѐ направи поуспешни. Тоа е наша одлука, наша потреба и за тоа одлучуваме ние во Скопје, а не во Брисел, а најмалку во Софија. Имаме соодветна преговарачка рамка која е фиксна. Нови барања нема, а билатералните прашања не се пречка и нема да бидат понатаму поврзани со исполнување на заедничките стандарди. Со исполнување на преземените обврски од европскиот предлог лани, цврсто знаеме дека ново вето, од било кој и за било што, нема да има, истакна Ковачевски пред пратениците во Собранието.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More