23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Коалиција ААА : Дали народниот правобранител беше цената на измамата?

Најчитани вести

Како и да е, главниот јунак на последните избори, Насер Зибери има две одговорности: првата е политичка – тој не може да биде народен правобранител, бидејќи на последните избори беше кандидат за политичка функција, додека втората е морална – тој треба да им одговори на сите албански граѓани во нашата земја дали оваа функција беше цената за извршената изборна измама?

Ако тој навистина сакаше да биде народен правобранител, можеше да ја исполни оваа желба на друг начин, но да прифати да биде учесник, дури и главен протагонист, на големата измама „Време за албански премиер”, ова секогаш ќе остане црна дамка во неговиот живот.

После овој чин, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива заклучува дека тој што бил измамник на последните избори никогаш нема да може да биде народен правобранител. Тој може да биде адвокат на лидерот на партијата што го номинираше, но никогаш правобранител на народот – затоа што народот не прифаќа и не толерира измамници, се наведува во реакцијата на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести