27.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Книга: „Париската библиотека“ – за неочекувани херои и хероини

Најчитани вести

Романот „Париската библиотека“ од Џенет Скеслин Чарлс е интересна и возбудлива приказна, полна со љубов и драма, тажни и среќни човечки судбини. Исто така, тоа е роман за книги и роман за неочекувани херои и хероини – за тоа како книгите можат да ни го сменат животот, а како читателите можат да го сменат светот.

„Годината е 1939-та, а местото е Париз. На младата, убава и амбициозна парижанка Одил Суше сè ѝ оди од рака: ја добива својата работа од соништата во Американската библиотека во Париз и почнува љубовна врска со згодниот и либерален полицаец Пол, кој ја сака и ги поддржува нејзините соништа и амбиции. Но, Германија секавично напредува во војната, а Париз е под опсада и преполн со нацистички војници. Сè што на Одил ѝ е драго, вклучувајќи ја и Американската библиотека, може да исчезне секој момент…“, ќе посочи издавачот „Арс Либрис“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести