Home » Клупскиот новинар на Трабзонспор откри детали од договорот на Барди и колку ќе заработува Македонецот во Турција

Клупскиот новинар на Трабзонспор откри детали од договорот на Барди и колку ќе заработува Македонецот во Турција

by Журнал.мк

Енис Барди и официјално стави крај на својата врска со Леванте и сепак направи трансфер ова лето, бидејќи денеска се очекува да пристигне во Турција за да ги мине медицинските прегледи со фудбалскиот шампион во оваа земја.

Откако беше поврзуван со неколку клубови од Примера за останување во Шпанија, но и со грчки Олимпијакос во последно време, на крајот Барди решил да ја прифати понудата од Трабзонспор, која најмногу го задоволила поради блискоста со турската култура, но и поради играњето во Лига на шампиони.

Клупскиот новинар на Трабзонспор, Хасан Тунџел открива како течеле преговорите со Македонецот и надополнува дека Леванте сумата од 3 милиони евра ќе ја добие на три рати.

– За Енис Барди, на Леванте ќе му бидат исплатени 3 милиони евра на три рати. Платата на играчот се очекува да биде еден милион евра. Олимпијакос имаше понуда за него од 5 милиони евра на почетокот на трансфер периодот, но факторот Лига на шампионите и тоа што е Македонец кој е близок до турската култура беа најважни фактори за реализирање на трансферот.

– Името на Барди беше на агендата на Трабзонспорт уште од минатата сезона, но тогаш неговата трансфер цена изнесуваше 10 милиони евра. Пред 10 дена повторно беше преземна акција за Барди и таа вроди со плод, – открива Тунџел.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk