23.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Клуге: Владата на С.Македонија стори се што требаше, не само за набавка на вакцините, туку и за подготовката за имунизација

Најчитани вести

Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге вели дека Владата на Република Северна Македонија направила сè што треба не само за набавка на вакцини против Ковид 19, туку целосно е подготвен и здравствениот систем за имунизација.

-Владата на Република Северна Македонија стори сè што требаше, не само за вакцините, туку и за подготвеноста на здравствениот систем, да обезбеди соодветна обука и опрема. И нарачката за Северна Република Македонија веќе е направена затоа сега се работи за неколку недели. Во контакт сум со седиштето на УНИЦЕФ, како и со регионалната канцеларија да се стори сè што е возможно да се забрза процесот, истакна Клуге вечерва во интервју за телевизија Телма.

Тој најави дека вакцините преку КОВАКС системот во државава ќе стигнат за неколку недели, но не кажа конкретен датум, се додека УНИЦЕФ и произведувачот не го договорат транспорот на вакцините.

Според него, потребно е да се има трпение, бидејќи сите земји во светот се соочуваат со недостиг од вакцини.

Северна Македонија од КОВАКС системот може да ги очекува вакцините на „Астра Зенека“, кои Клуге вели дека се ефикасни, и покрај тоа што некои земји привремено ја прекинаа имунизацијата со оваа вакцина, поради несакните ефекти, кои според СЗО се мали во споредба со целокупното население.

Клуге додаде дека уште оваа година ќе се справуваме со пандемијата, но за разлика од лани,  годинава таа ќе може подобро да се контролира и менаџира.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести