17.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Клуб без држава, за кој игра Бобан Николов, за првпат победи во Лига шампиони

Најчитани вести

Тимот на Шериф Тираспол, во кој за првпат заигра македонскиот репрезентативец Бобан Николов, вчера го победи Шахтар со 2:0 во Лига шампиони. Николов влезе од клупата во 85 минута и беше дел од историскиот триумф на Шериф Тираспол.

Ова е најголем успех во историјата на молдавскиот фудбал. Интересно на списокот на Шериф за Лига на шампиони има само 5 фудбалери со молдавски документи, а сите други се легионери од странство. Имаат играчи од дури 14 различни земји.

Шериф Тираспол е 19-кратен шампион на Молдавија. Натпреварите ги игра во Тираспол, главниот град на таканаречената Придњестровска Молдавска република (ПМР) која веќе 30 години не се смета себеси за дел од Молдавија.

Дури половина од населението во оваа област има руски пасоши, на нивна територија дејствуваат закони од Руска Федерација а руското знаме е официјално признаено за второ државно обележје.

Во останатите натпревари синоќа, Ливерпул во натпревар со многу пресврти го победи Милан со 3:2. Реал Мадрид беше подобар од Интер со 1:0. „Кралскиот клуб“ даде гол во последните моменти од натпреварот. Изненади Клуб Бриж, кој успеа против моќниот тим на ПСЖ да извлече реми 1:1. На овој натпревар за првпат од почетокот на мечот настапи триото Нејмар, М’бапе, Меси.

За парижаните дополнителен проблем ќе биде повредата на М’бапе. Во останатите натпревари Дортмунд беше подобар од Бешикташ со 2:1, Манчестер Сити од Лајпциг со 6:3 и Ајакс од Спортинг со 5:1. Единствениот натпревар на кој немаше голови беше меѓу Атлетико Мадрид и Порто.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com