-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Клубовите од Англија нема да пуштат репрезентативци?

Најчитани вести

Околу 100 играчи во Англија можеби ќе бидат недостапни за меѓународни натпревари следниот месец, пишува „Би-би-си“

Четворица фудбалери на Ливерпул се меѓу неколкуте што не се пуштени да играат за своите репрезентации во септемвриските квалификациски мечеви за пласман на Светското првенство (СП) в година, а тимовите од Премиер-лигата се меѓу водечките европски клубови што сакаат да ги спречат играчите да одат во земјите на црвената листа за септемврискиот меѓународен прозорец, пишува „Би-би-си“.

Доколку не се направат исклучоци за карантин, играчите ќе бидат принудени да пропуштат неколку натпревари во домашната лига поради десетдневниот период на изолација потребен за враќање во Велика Британија. Фудбалската асоцијација (ФА) и Премиер-лигата преговараат со Одделот за дигитализација, култура, медиуми и спорт за олабавување на правилата. Се смета дека слични проблеми ќе имаат и други клубови низ Европа.

Клучното прашање за Ливерпул и за другите клубови од Премиер-лигата е неослободувањето од постојните правила за карантин во Велика Британија. Се верува дека ако имало можност за исклучок, фудбалерите ќе биле ослободени да играат за репрезентациите, пишува „Би-би-си“. Како дополнителна главоболка за некои клубови од Премиер-лигата, ФИФА неодамна ги продолжи меѓународните термини во септември и во октомври за два дена во Јужна Америка, за да им овозможи на репрезентациите да ги одиграат мечевите во квалификациите за СП, кои претходно беа одложени поради пандемијата на коронавирусот.

Со оглед на тоа дека околу 100 играчи во Англија можеби ќе бидат недостапни за меѓународни натпревари следниот месец, Премиер-лигата, ФА, Европската асоцијација на клубови и нејзините клубови-членки сакаат решение што е можно побрзо, а за почетна точка се смета изземањето од правилата за карантин, пишува „Би-би-си“. Владата ги отфрли исклучоците за играчите од рагби на Велика Британија и на С. Ирска, кои се вратија од Јужна Африка во почетокот на овој месец, но потврди дека продолжува да има редовни дискусии со Премиер-лигата, ФА и со други спортски тела за различни прашања, вклучувајќи и за меѓународните правила за патување, пишува „Би-би-си“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com