-2 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

Клубовите во Премиер лигата се договорија за промени во ВАР

Најчитани вести

Клубовите на Премиер лигата и Бордот на судиите (ПГМОЛ) се согласија да направат измени во ВАР, откако навивачите ќе добиваат дополнтелна комуникација во однос на проверките на стадионите.

ВАР беше централна тема на состанокот на сопствениците во четвртокот и по долги дискусии Премиер лигата и ПГМОЛ имаа тенденција да ја подобрат постојаноста во донесувањето одлуки, да ги забрзаат процесите и да ја зголемат комуникацијата со приврзаниците. Судијата Мајк Рајли им се обрати на клубовите и рече дека системот има потреба од подобрување.

Беше договорено навивачите на трибините да добијат подетални информации за проверките – вклучително и што точно проверува ВАР.

На пример, според новите правила, на големите екрани ќе се појави порака, која гласи „Проверка на пенал – веројатна игра со рака“ наместо само „Проверка за пенал“.

Мониторите на аут линиите ќе продолжат да се користат ретко во Премиер лигата.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести