20 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

Клоп ја презеде вината за непријатниот пораз на Ливерпул

Најчитани вести

Актуелениот фудбалски првак во Англија, Ливерпул доживеа непријатен пораз во заостанат натпреавр од 18. коло како домаќин на „Енфилд“ од Барнли (0-1), тим кој се бори за опастанок во премиерлигашката конкуренција. Со ова заврши серија од 68 натпревари без пораз на „Енфилд“. По мечот, тренерот на актуелниот шампион, Јирген Клоп, ја презема вината за лошата игра и поразот на својот тим.

-Загубивме меч кој беше невозможно да се изгуби, но тоа се случи. Моја е внината. Моја задача е да им дадам поголема самодоверба на фудбалерите, но тоа не се случи. Имавме шанси да постигнеме гол, но праввевме лоши потези во одредени моменти, изјави германскиот стратег на клупата кај „црвените“ Клоп.

Ливерпул овој натпреавр го одигра без Салах, Хендерсон и Фирмино. Со овој пораз Ливерпул заостанува во трката за одбрана на титулата. „Црвените“ се четвртопласирани со 34 бода, шест помалку од лидерот Манчестер јунајтед

-Секогаш јас сум крив. Треба подобро да им објаснам на играчите што треба да сторат. Желбата не беше проблем, додаде Клоп.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести