17.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Клоп со интересна анализа: Едно нешто може да биде клучно, ние нема што да загубиме против Реал

Најчитани вести

Ливерпул вечерва на „Енфилд“ го пречекува Реал Мадрид, кој со себе од пр виот натпревар носи предност од 3:1.

Трибините ќе бидат празни на „Енфилд“, така да домаќините нема да ја имаат таа екстра помош од дванаесетиот играч – публиката.

Но шампионите мора да се докажат тогаш кога е најтешко, да ги демантираат најголемите скептици, а ако е некој најповикан за да направи потенцијален пресврт, тоа е Ливерпул, кој доколку се сеќаваме дека на патот кон 6-та титула во ЛШ, имаше нестварен пресврт против Барселона.

„Кога ќе загубите со 3:1 во првиот натпревар, нема што да загубите, изгледа како да сте веќе елиминирани. Тоа значи дека немате што повеќе да загубите. Не се доаѓа така лесно до пресврт. Шанси имате секако, но мора да играте атомски фудбал“.

„Големите пресврти не можеш да ги донесеш како нешто кое се случува лесно и често. Тоа се случува, да, но на стадионите сега нема навивачи. Сами мора да направиме атмосфера со која би можеле да го свртиме резултатот“, порача Јирген Клоп.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести