25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Клоп потврди: За Жоел Матип сезоната е завршена

Најчитани вести

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп потврди дека дефанзивецот Жоел Матип ќе го пропушти остатокот од сезоната поради скинати лигаменти на скочниот зглоб. Камерунецот се чини претрпе сериозна повреда во победата над Тотенхем од 3:1 на гости минатиот четврток, откако по првото полувреме веднаш беше заменет.

Шампионот во Премиер лигата со тоа веќе останаа без Џо Гомез и Вирџил ван Дајк до крајот на сезоната, а сега и Матип се приклучува на листата. Ова го натера тимот да се засили со двајца нови централни дефанзивци во последниот ден од преодниот рок. Ливерпул вчера ги доведе Бен Дејвис од Престон и Озан Кабак од Шалке 04 кои треба да ги пополнат дупките на централните бековски позиции.

„За жал, сега, откако поминаа сите прегледи, дознавме дека Жоел нема да биде со нас во текот на целата сезона. Но, тој ќе биде подготвен за почетокот на следниот претсезонски тренинг камп и на крајот сè ќе биде добро“, изјави Клоп.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести