24 C
Skopje
Monday, May 17, 2021

Клоп откри на кој стадион не сака да гостува: Мразам кога морам да одам таму

Најчитани вести

Јирген Клоп важи за еден од најдобрите менаџери на денешницата, меѓутоа и тој има стадион на кој не сака да гостува.

Можеби за некои е изненадување, меѓутоа Клоп за стадион каде што не сака да гостува го избра „Санчез Писхуан“ на Севиља.

„Не можам да кажам кој стадион е најдобар, но знам на кој не сакам да гостувам. Дефинитивно тоа е стадионот на Севиља, мразам да одам таму поради атмосферата. Ова е комплимент за навивачите на шпанскиот тим“, изјави Клоп.

Инаку Клоп со Мајнц, Борусија и Ливерпул седум пати гостувал во Андалузија и никогаш не победил, во еден натпревар со Ливерпул испушти и предност од 3:0.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести