24.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Клоп одговори зошто не е заинтересиран да го донесе Златан во Ливерпул

Најчитани вести

Фудбалските шпекулации отидоа дотаму, па го поврзаа Златан Ибрахимовиќ и со актуелниот европски шампион, Ливерпул.

Секако дека ваквите вести се исклучиво во доменот на шпекулации, но истите се реши да ги коментира и тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Германецот во свој стил, на шеговит начин го искоментира можното доаѓање на Златан Ибрахимовиќ на „Енфилд Роуд“.

– Да не играше за Манчестер Јунајтед претходно, тогаш можеби ќе ја разгледавме опцијата да го донесеме. Не, јас не сум ни сигурен дека тој сака да игра овде. Ние сме прилично интензивен тим, – изјави Клоп.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести