Home » Клоп не може да го сфати трошењето на Барселона: Само еден клуб се спасил од банкрот со продажба на стадионот

Клоп не може да го сфати трошењето на Барселона: Само еден клуб се спасил од банкрот со продажба на стадионот

by Журнал.мк

Јирген Клоп е последниот познат фудбалски работник кој ги нападна потезите кои се повлекуваат во Барселона, клуб кој во голема финансиска криза успеа да распродаде дел од своите ТВ права и акции за да добие пари за трансфери.

Барса направи четири интерни рефинансирања со делумна продажба на компании како „Барса студиос“ кои беа во целосна сопственост на клубот, па со добиените пари, беа купени играчи како Роберт Левандовски, Жул Кунде и Рафиња, а беа доведени и Кеси и Кристенсен како слободни агенти.

Клубот во последен час регистрираше четири од петте засилувања за премиерниот меч со Рајо Валјекано, а сите овие случувања сега изнудија и коментар од Јирген Клоп кој не е импресиониран од функционирањето на каталонскиот великан.

– Не го разбирам трошењето на Барселона поради повеќе причини. Ако ми кажете дека веќе немам пари, нема да трошам ништо. Ми се има случено такво нешто со кредитната картичка двапати, но за среќа тоа беше пред повеќе години.

– Гледајќи како фудбалски фан, не сфаќам што се случува во Барселона. Единствениот клуб кој го познавам и кој се спасил со продажба на стадионот е Борусија Дортмунд. Вацке дојде во последна секунда и ја спаси Борусија од банкрот, но не знам дали постои некој Вацке во Барселона, – вели Клоп во интервјуто за „Кикер“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk