17.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Клоп: Кога дојдов во Ливерпул, никој не го сакаше тој тим

Најчитани вести

Во интервју за порталот „Гол“, Јирген Клоп зборува за трансформацијата која ја направи како менаџер на европските шампиони Ливерпул, откривајќи дека кога пристигнал на „Енфилд“ никој не го сакал гигантот.

Дури и најголемите мразители на Ливерпул мораат да признаат дека „црвените“ се покажаа како тим кој е гладен за успех и кој не се предава.

„Сега почувствувавме успех и сакаме уште титули. Ако некој нема талент за фудбал, јас не можам да го направам голем фудбалер, но мислам дека можам да го подобрам неговиот менталитет, бидејќи тоа го има секој. Моите момци посебно“, вели Клоп.

Тој се потсетува на октомври 2015 и неговото пристигнување на „Енфилд“ и тимот кој го дочека. Од тој состав во тимот уште се и Џордан Хендерсон, Адам Лалана, Дејан Ловрен, Џо Гомез, Роберто Фирмино и Џејмс Милнер, но дојдоа и многу засилувања.

„Кога пристигнав, никој не го сакаше овој тим, дури самите себе се мразеа. Тоа беше вистината, но тимот сега е поинаков. Се работи за развој, за потребно време, за трпение со момците. Секако, и со квалитетни засилувања. Дојдоа Алисон, Виргил ван Дајк, Наби Кеита, Фабињо, Салах“, вели Клоп.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести