16.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

Клоп: За ситуацијата во Челси е виновен Владимир Путин

Најчитани вести

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги поддржа фудбалерите и вработените во Челси по санкциите кои беа поставени од страна на британската влада над газдата Роман Абрамович и посочи дека за целата ситуација е одговорен рускиот претседател Владимир Путин.

Британската влада ги „замрзна“ сите поседи на Абрамович во четвртокот, посочувајќи го како близок соработник на Путин, поставувајќи го клубот во многу тешка ситуација – без право да продаваат билети и спортска опрема, со ограничен буџет за патување и со крајно неизвесна иднина. Клоп вели дека еден човек е одговорен.

„Има само еден човек кој навистина е одговорен и тоа е Владимир Путин. Не знам која е улогата на Роман Абрамович во тие работи. Но, во текот на годините можеше да се види дека е близок со него. Мислам дека британската влада е 100 отсто во право. Не е во ред за луѓето во Челси и за навивачите, го сфаќам тоа, но одлуката е исправна“, вели Клоп.


Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com