14 C
Skopje
Tuesday, May 18, 2021

Клоп го има рецептот за Сити

Најчитани вести

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп беше презадоволен од победата со 3:1 над Манчестер Сити во англиската Премиер лига и изјави дека бил спокоен покрај аут линијата за разлика од неговиот колега Пеп Гвардиола кој за малку не ги истепа судиите.

„Фантастичен ден за мене, за играчите и навивачите на Ливерпул. Сити ја контролираше играта, тие се извонреден тим, многу добар. Но ние дадовме неверојатни, фантастични голови. Пред мечот зборувавме дека можеме да направиме резултат ако шутираме надвор од шеснаесетникот, а Фабињо како да ме послуша и го направи тоа. Немаше офсајд при вториот гол, се е јасно, но ние направивме се што беше во наша моќ. Сити имаат страшни фудбалери. Стерлинг на пример, кој е многу брз и незгоден. Моите момци беа максимално фокусирани. Значи концентрација во дефанзивниот ред, одлични во нападот… Тоа е начинот, на кој може да се победи Сити“, изјави Клоп.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести