1.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Клоп: Ако се браниме вака против Лестер, Варди ќе ни даде пет гола!

Најчитани вести

Европскиот шампион Ливерпул по поразот во Неапол на стартот, синоќа ја запиша првата победа во новата сезона на Лигата на шампионите.

Иако имаше водство од 3-0, на крај мораше да се мачи и со 4-3 да го совлада Салцбург, а по мечот германскиот стратег Јирген Клоп, не беше во целост задоволен од одиграната партија на своите избраници, особено на оние во дефанзивата.

„Успеавме да пронајдеме начин како да победиме по трите примени гола. Најдобро е кога уште за време на мечот ќе ја научите лекцијата. Дури и по 3-3 не бев толку загрижен, бидејќи верував во нив. Ова беше далеку од одличен меч, но беше во стилот на Ливерпул – отворен со многу шанси и многу голови. Сепак, во одбраната мора да се поправиме. Ако вака се браниме и против Лестер, Варди ќе ни даде пет гола. Сигурен сум дека Брендан Роџерс го гледаше овој натпревар и добро ќе го анализира“, рече Клоп.

Перфектниот Ливерпул во Премиер лигата во рамките од осмото коло на свој терен го пречекува Лестер Сити, кој оваа сезона игра допадлив и атрактивен фудбал и сигурно може секого да изненади во Англија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com