14.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Клои позираше топлес, но вниманието го украдоа нејзините „издолжени“ нозе (ФОТО)

Најчитани вести

Фановите во повеќе наврати ја мешаа со нејзината сестра Кендал Џенер поради уредувањето фотографии, која не заостанува многу зад Клои кога станува збор за грешки во уредувањето фотографии

Ријалити sвездата Клои Кардашијан (36) веќе во неколку наврати покажа дека не е вешта во користењето на Фотошоп. Таа повторно предизвика лавина коментари на нејзиниот профил со своите најнови фотографии на Instagram.

Промовираше американски бренд за облека. На една од фотографиите, позираше топлес, а беше фотографирана од аголот, сакајќи да ги издолжи нозете. Но, нејзините обожаватели веднаш забележаа дека таа всушност повторно погрешила во Фотошопот.

Покрај тоа, тие ја прашале што се случува со нејзиното лице и ѝ посочиле како изгледа различно секој пат.

– Секојпат кога ќе го погледнам профилот на Клои Кардашијан на Instagram, ми изгледа поинаку од порано. Како изгледа истовремено црнка, латиноамериканка и бела жена? Не разбирам – ова се само некои од коментарите.

Коментарите за нејзиното уредување фотографии пред објавувањето не престануваат, иако неодамна се огласи на Twitter.

После фотографијата, која привлече внимание поради нејзините џиновски стапала, таа напиша дека не може да верува дека мора да се правда за тоа, додавајќи дека тоа не е грешка во програмата за уредување на фотографии.

Фановите во повеќе наврати ја мешаа со нејзината сестра Кендал Џенер (25) поради уредувањето фотографии која не заостанува многу зад Клои кога станува збор за грешки во Фотошоп.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести