15.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Клои Кардашијан се искрала од куќата, го УКРАЛА автомобилот на мајка ѝ и го вратила ИЗГОРЕН: Гумата околу прозорот била стопена!

Најчитани вести

Познатата старлета Клои Кардашијан гостуваше во шоуто на актерката Дру Баримор и по тој повод претстави неколку шокантни детали за себе.

Таа откри дека во една прилика се прикрадувала надвор од куќата и го украла автомобилот на нејзината мајка Крис Џенер, кој подоцна го вратила удрен.

„Беше околу 9, 10 часот навечер, мајка ми веќе спиеше, ги прилагодив перниците во мојот кревет така што, во случај некој да дојдеше во мојата соба, да изгледаше дека и јас спијам, го зедов на мајка ми автомобилот и си заминал. Во еден момент дојде хотелски работник и рече дека имало запален автомобил што беше паркиран веднаш до мојот. Огнот веќе го зафати автомобилот на мајка ми! Бев многу исплашена … Кога пристигнав на паркингот, половина од возилото веќе беше изгорено! Немав избор, морав да одам дома – седев буквално на половина од автомобилот, гумата околу прозорецот се стопи, но за среќа автомобилот беше во ред. Неговата темно сина боја целосно се промени поради топлината, сè изгледаше навистина лошо! Но, ја научив лекцијата – повеќе нема да крадам и лажам! Секој пат кога ќе измамев, ме фаќаа“, рече Клои.

Кардашијан исто така рече дека пожарот избувнал кога еден маж дознал дека сопругата го изневерува и од револт запалил автомобил што бил паркиран покрај возилото на нејзината мајка. Да бидат работите уште полоши, Клои во тоа време имала само 16 години.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести